Музички концерт за меѓународниот ден на Ромите

Од:

Музички концерт во рамки на проектот „Рома караван“ се одржа синоќа во Културно информативниот центар Скопје, во организација на здруженијата МИР, Скопје, и МАДАМ ФОРТУНА, Антервпен, Белгија.

На концертот 12 млади музичари Роми и Македонци, на необичен и креативен начин изведоа стари ромски песни обработени и аранжирани во етно џез и блус линија.

Концерот е во рамки на прославата на 8-ми Април, меѓународниот ден на Ромите и ден кој е посветен на историјата и културата на Ромите.

Овој концерт преставува само еден сегмент од проектот, кој има цел да ги престави значењето на културните вредности и специфики на ромската заедница и да се разменат културни вредности помеѓу Ромите и не-Ромите преку музиката. Преку музиката која е јазикот на проектот и универзалниот јазик кој сите го разбираат, кој ги поврзува различностите, од која било сфера на жиевеење, музичкиот бенд ја пренесе ромската култура и ги сруши бариерите кои постојат, велат организаторите на концертот.

– Музиката е таа што не поврзува сите и преку овој концерт сакавме уште повеќе да ја доближими ромската култура и музика до јавноста. Необичниот пристап и обработката на ромската музика во етно џез и блуз стил ќе допринесе јавноста уште повеќе да се заинтересира и осознае за ромската култура која е многу богата. Музиката е одличен начин да се срушат бариерите за Ромите, изјави Сехерсијан Саит – координатор на проектот Мадам Фортуна.

Музичкиот бенд својот репертоар ќе го претстави и на концерти во Белгија, Франција и Германија во текот на летните месеци.

Ромски Караван е интернационален проект кој истражува заедничка основа меѓу Ромите и не-Ромите, со специфични уметнички и општествени цели. Проектот се реализира веќе четири години од страна на Социо-Артистичката организација МАДАМ ФОРТУНА од Кралството Белгија.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

Настап на Дуња Иванова и концерт посветен на Кире Костов во изведба на Биг бендот на фестивалот „Крај Вардарот Џез“

АРЕА подготвени за акустичното, музичко уживање во Филхармонија

Концерт за сите љубители на класичната и фламенго музиката, со гости од САД и Полска

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Бреговиќ со порака до македонската публика

А1он