Мултимедијалниот проект „1/2 Состојба“ утре ќе биде претставен во Њујорк

Од:

Уметницата Михаела Јовановска во соработка со видеоавторката Вероника Камчевска утре од 18 часот во „Gallery MC“ во Њујорк ќе го претстави мултимедијалниот проект „1/2 Состојба“ кој за посетители ќе биде отворен до 30 септември.

„½ Состојба“ е проект поврзан со истражување на тема родовата нееднаквост и нејзините релации. Концептот објаснува емоција која се стреми кон нејзината форма да стане целина. Ова го прикажува надворешното влијание за нееднаквост што го моделира битието како крајно отсутно во идејата да се биде човек.

Михела Јовановска работи во Националната галерија како соработник за визуелни уметности и дизајн. Таа е мултимедијален уметник со главен фокус на уметничка инсталација. Нејзините дела се изложувани на повеќе групни и пет самостојни изложби, локално и меѓународно, вклучувајќи ги и „Gallery MC“ – Њујорк, Прима центар – Берлин, КИЦ – Софија, Галерија „Лауба“ – Загреб, „Миодраг Дадо Џуриќ“ – Цетиње, Мала станица, НГ – Скопје, Биенале на млади, МСУ – Скопје.

Претставувањето во Њујорк е поддржано од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“