Модерен словачки филм: Анимацијата „Снег“ и играниот „Дом“ во Кинотека

Од:

Со проекција на анимираниот филм „Снег“ и играниот „Дом“ вечер во Кинотека на Македонија продолжува циклусот „Модерен словачки филм“.

„Снег“ во режија на Ивана Шебестова е краток филм за жената што ја чека својата љубов, за мажот кој во далечните земји ја бара совршената снегулка, кој ги открива и ги стопува соништата…

Во „Дом“, режисерката Зузана Лиова раскажува интимна драма за врската меѓу татко и ќерка и за средбата на различни генерации. Имрих го остварува својот животен сон – гради куќа за својата помлада ќерка Ева и верува дека на тој начин засекогаш ќе ги зацврсти семејните врски. Ева, убава девојка на прагот на зрелоста, сонува после матурата да го напушти „ропството на совршениот дом“ и словачкото малограѓанство, заминувајќи да го запознае светот. Таткото и ќерката мора да одлучат во каква насока ќе се движат нивните животи.

Утре на репертоарот се анимацијата „Прашина и сјај“ на Михаела Чопикова и Вероника Обертова, како и играниот „Чудо“ во режија на Јурај Леготски, а вторникот е резервиран за „Близнаци“ на Петер Будински и „Моето куче килер“ на Мира Форнеј.

Циклусот завршува во среда кога ќе бидат прикажани анимираниот „Последниот автобус“ на Мартин Снопек и Ивана Лаучикова, и „Како се готви историјатa“ од Петер Керекес.

Изминатите четири дена публиката можеше да ги види „Во коцка“, „Кандидат“, „Фонгополис“, „Дури до градот Аш“, „Камења“, „Слепи љубови“, „Четири“, „Месечина“ и „Осадне“.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата