Младиот хармоникаш Петар Кочовски на светски куп по хармоника во Русија

Од:

Младиот хармоникаш Петар Кочовски од Охрид ќе ја претставува Македонија на 69. светски куп по хармоника во Ростов на Дон, Русија, од 11 до 18 септември годинава.

Кочовски ќе настапи во конкуренција на голем број  хармоникаши од целиот свет. Тој ќе се претстави со композициите „Капричо“ од Репников, „Соната во F –dur“ од Доменико Скарлати и „Калина Краснаја“ од Семјонов, која е класична композиција со мотиви од руската фолклорна музика.

На овој натпревар се очекува посетеност од околу 100.000 луѓе.

Кочовски ќе биде единствен претставник од Македонија. Тој е ученик во четврта година во Средното музичко училиште во Струга – отсек хармоника, а секоја сабота учи хармоника во Тетово во класата на професорот Коста Тодоровски. Добитник е на бројни признанија во балкански и републички рамки.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(Видео) Музика и хор од 20.000 евра на свеченото отворање на првите 40 километри автопат во Црна Гора

A1on

Жан Мишел Жар: Мориконе беше непресушен извор на инспирација

Ана Ололовска

„Љубојна“ со акустичен концерт за душа вечер во МОБ

Ново ЦД на македонскиот пијанист Симон Трпчески насловено „Сказни од Русија“

Татјана Ташкова

„No Borders Orchestra“ вечер ќе настапи во Марибор