Меѓународна летна демирхисарска школа

Од:

Општина Демир Хисар во соработка со професори од Филозофскиот, Архитектонскиот и Православниот богословски факултет, како и со Центарот за истражување на културното наследство кој работи во состав на МАНУ, организира неколкудневна меѓународна летна школа на која учествуваат студенти и професори од Македонија, Бугарија и од Србија.

Демирхисарската летна школа работи во секции што се одржуваат на различни локации во Демир Хисар, информира Даниел Станојоски, советник за односи со јавност во тамошната локална самоуправа.

– Секцијата за теологија работи во манастирот „Свети Јован Претеча“ во Слепче, а предавачи се професорите академик Ѓорѓи Поп Атанасов од МАНУ кој зборуваше за „Ракописното наследство на манастирот во Слепче“, гостинката од Институтот за истражување на уметности при Бугарската академија на науки-БАН, Елисавета Мусакова зборуваше за „Минијатурите во ракописите на бугарските цареви од 14 век“, додека пак Румјана Дечева од Институт „Д-р Иван Дујчев“ од Софија, говореше за „Центарот за истражување на ракописи Вестигија при

Универзитетот во Грац и соработката со Македонија и Бугарија“. Секцијата за археологија работеше теренски археолошки практикум, антички и средовековен брианиј Градиште во истоименото село, посочи Станојоски.

На втората меѓународна летна демихисарска школа, секцијата за историја работи на теми за Илинденското востание и Смилевскиот конгрес, а секцијата за архитектура е посветена на нови знаења од областа на архитектонското наследство.

-Учесници на школата се студенти додипломци и постдипломци, а освен професорите Поп Атансов, Дечева и Мусакова, предавачи се и Виктор Лилчиќ-Адамс, Ванчо Ѓорѓиев, Виктор Недески и научниот координатор на школата, Сашо Цветковски од Центарот за истражување на културното наследство кој работи во состав на МАНУ. Сите учесници имаат одлични услови за работа кои ги обезбеди градоначалникот на општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски. Учесниците на школата ќе ги посетат библиотеката „Ал-Би“ во селото Бабино, манастирот „Св. Никола Топлички“ во селото Слоештица и манастирот „Св. Атанасиј Александриски“ во селото Журче, потврди Станојоски.

Би можело да ве интересира

Над Демир Хисар летал голем балон со инсталирана направа од која дувал оган

A1on

Народниот правобранител ќе поведе постапка за Психијатриската болница во Демир Хисар

Правници и архитекти раководат со Психијатриски болници: Кој ќе сноси одговорност за третирањето пациенти

A1on

Мајката на аутистичното момче за „А1он“: „Едвај стои на нозе, предозиран е од лекови“

A1on

Градоначалникот на Демир Хисар позитивен на Ковид-19

Во Ресен и Демир Хисар гласањето се одвива без пречки

Жарко Настоски