Меѓународен фестивал на светлината за прв пат во Скопје

Од:

Меѓународниот фестивал на светлината, „Skopje Light Art District“, во склоп на Белата ноќ, оваа година за прв пат ќе се одржи во Скопје, главниот град на Македонија.

По урнекот на сличните популарни фестивали низ Европа, во организација на тимот од Универзална сала, од 6-ти до 9-ти октомври „Skopje Light Art District“ на скопјани ќе им овозможи уникатно доживување исполнето со светлост и многу бои.

Оваа година за почетна локација изборот падна на Старата скопска чаршија, а повеќе околу настанот говори Филип Аврамчев, директор на Универзалната сала.

„Skopje Light Art District“ или фестивал на светлината прв пат во Скопје и во Македонија. Што може скопјани да очекуваат од овој фестивал?

– Фестивалот „Skopje Light Art District“ ќе биде еден вид нов културно општествен настан, чие отворање е закажано за 6-ти октомври, на почетокот на веќе традиционалната Бела ноќ. Замислата на фестивалот е да внесе малку боја во секојдневието кое сите го живееме и да ни ја покаже онаа убавата, шарена страна на животот. Сите присутни на фестивалот ќе имаат можност да бидат дел од едно ново, интригантно и необично искуство.

Што ќе можат посетителите да видат? Како дојдовте до идејата за овој настан?

– Идејата за ваков тип фестивали постои и вакви фестивали се одржуваат редовно низ светот. Но главната идеја потекна од РОК (ROCK) проектот, проект на Хоризонт 2020 програмата на ЕУ. Во тој проект, градот Скопје на културно ниво е вмрежен заедно со уште 11 други градови од ЕУ. Еден од тие градови е и Лион во Франција, град со историски и традиционално најстар фестивал на светлосна уметност, кој послужи како директна инспирација за „Skopje Light Art District“. На нашиот фестивал годинава ќе настапат 15 артисти, од кои половината се странски светлосни уметници, со најразлични светлосни инсталации воглавно поствени низ Старата скопска чаршија. Станува збор за артисти кои досега учествувале на многу фестивали и манифестации од ваков тип и не се сомневам во овогодинешниот избор. Сигурен сум дека нашите посетители ќе бидат задоволни од понудата и од поставките.

Каква е замислата за почетокот и првиот ден од „Skopje Light Art District“ 2018?

– Настанот започнува во 20 часот со светлосна проекција и 3-димензионално мапирање проектирано на зградата Ибни Пајко, на самиот влез на Старата скопска чаршија. Мотото на фестивалот е „Следи ја патеката“. Посетителите штом ќе пристигнат, ќе ги дознаат и насоките по кои ќе се движи „патеката“ и каде ќе можат да ги видат инсталациите во наредните три дена. Отворањето на фестивалот ќе заврши во 23 часот во Музејот на современа уметност со интерактивен аудио визуелен перформанс.

Каква ќе биде иднината „Skopje Light Art District“? Какви се Вашите планови и плановите на Универзалната сала за наредната година?

– Фестивалот „Skopje Light Art District“ 2019 е веќе влезен во програмата за работа на Универзалната сала и во програмата за работа на Град Скопје, како дел од РОК (ROCK) проектот и идната година е речиси извесно одржувањето на настанот. Моментално, интензивно работиме на подготовките околу организацијата на новогодишниот базар и дочекот на новата година. Исто така, се подготвува и предллог акциски план за апликација на градот Скопје за европска престолнина на културата 2028 година.

Настрана од програмските активности, што се случува со реконструкцијата на објектот на Универзалната сала? Каква е соработката со Град Скопје околу тоа прашање?

– Сепак, реконструкцијата на Универзалната сала останува мој главен приоритет. Како што и самите може да заклучите, повеќе од потребна е реконструкција на салатa. Од моето именување на директорското место, во тесна соработка сум со градоначалникот и надлежните во Град Скопје и заедно правиме сериозни напори да се обезбедат средства во буџетската 2019-та година, сѐ со цел да конечно отпочнување на градежните активности на објектот.

Би можело да ве интересира

Тројца истепани во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

Орце Костов