Меѓународен фестивал и натпревар за класична гитара

Од:

Град Скопје и Детскиот културен центар „Карпош“ од денеска до 26-ти мај организираат меѓународен фестивал за класична гитара „Тремоло П.С. Гитар фест“.

По четврти пат ќе се одржи и натпревар за класична гитара во категории за ученици и студенти.

Настапите ќе ги оценува жири кое е составено од познати гитаристи – Дарко Багески и Александар Крстановски од Македонија, Џевдет Сахатџија и Антонио Руменовиќ од Хрватска, Дарко Карајиќ и Бошко Радојковиќ од Србија и Стела Динкова од Бугарија.

Победниците на натпреварот ќе добијат награди, а скопската публика ќе има можност да посети три концерти во Културно информативниот центар вечерва и во следните два дена, со почеток во 20 часот.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(Видео) Музика и хор од 20.000 евра на свеченото отворање на првите 40 километри автопат во Црна Гора

A1on

Жан Мишел Жар: Мориконе беше непресушен извор на инспирација

Ана Ололовска

„Љубојна“ со акустичен концерт за душа вечер во МОБ

Ново ЦД на македонскиот пијанист Симон Трпчески насловено „Сказни од Русија“

Татјана Ташкова

„No Borders Orchestra“ вечер ќе настапи во Марибор