„Матица македонска“ утре ќе го одбележи 25-тиот роденден

Од:

Книгоиздавателството „Матица македонска“ утревечер од 19 часот во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ свечено ќе одбележи 25 години од своето постоење.

Тоа е централното чествување, иако издавачката куќа четврт векот од основањето пригодно го одбележува од почетокот на годинава, со организирање промоции, средби со писатели и со изложби на познати уметници во центарот „Матица ексклузив“.

„Матица македонска“ е основана на 24 август 1991 година и досега има објавено илјадници наслови од најзначајните македонски писатели, научници и публицисти, во тираж од над пет милиони примероци, пласирани во Македонија и во многу национални библиотеки, славистички центри и специјализирани книжарници во европските и во прекуокеанските земји.

За својата богата дејност „Матица“ е добитник на национални и меѓународни признанија, а во рамките на Клубот Матица денес членуваат повеќе од четириесет илјади читатели.

Би можело да ве интересира

Антолог: 22 дела во вториот круг за наградата „ДРАГИ“ 2024

МОН за доцнењето од три месеци: Авторите немаа интерес да достават предлог учебници

A1on

Десет книги за античката филозофија од академик Витомир Митевски

Излезе петтиот број од книжевното списание „Книжевни елементи“

А1он

Во сите книжарници „Литература.мк“ се слават денови на литературата, овој пат со попусти до 70 отсто

Жарко Настоски

Објавена книгата „Хотел со големо Л“ од Шурд Кајпер

А1он