Македонско пладне на Саемот на книгата во Гетеборг

Од:

Програмата исполнета со поетски читања и промоции на книги на македонскиот штанд на јубилејниот 30-ти Саем на книгата во Гетеборг, најголема книжевна манифестација од таков вид во Скандинавија, вчера предизвика внимание и љупобитство, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Македонскиот штанд го посетија писатели од разни земји, а со свои стихови во поетското читање учествуваа двајца истакнати шведски поети Ласе Содерберг и Кенет Клеметс, и двајцата преведувани на македонски. Во поетското читање уествуваше и поетесата Лидија Димковска, а во рамките на програмата поетесата од иранско потекло Хомеира Тари го претстави зборникот трудови на шведски јазик од ученици од ромска националност во Гетеборг, кои по потекло се од Македонија.

Интересирањето за македонската литература се потврдува и на оваа значајна саемска манифестација. Македонскиот штанд денеска ќе го посети одговорниот уредник за Источна Европа при една од најзначајните скандинавски издавачки куќи, „Бониер“.

На штандовите на бројните издавачки куќи и преведувачки центри беше дистрибуиран специјалниот каталог во кој се претставени 20 современи писатели од Македонија. Од нив четворица, Луан Старова, Венко Андоновски, Лидија Димковска и Ивица Челиковиќ, се присутни на Саемот.

„Мансардс“ од Рига соопшти дека ќе објави во превод на летонски романот „Резервен живот“ од Лидија Димковска, која за ова дело ја доби наградата на ЕУ.

Направени се првчни договори за откуп на авторските права за превод на дела на тројца македонски пистали, Влада Урошевиќ, Венко Андоновски и Душко Родев на српски јазик во „Агора“ во Нови Сад.

Денеска се очекува голем одзив на „Македонско пладне“, кое ќе содржи поетска средба, изложување дела од македонски автори преведени на шведски јазик и дела од шведската литература преведени на македонски, промоција на понови изданија, но и на 130 тома македонска книжевност, претставување на најквалитетната и најрепрезентативната понова македонска издавачка продукција, дела од уметничката литература, монографски, научни, историски и културни вредности, како и на културното наследство.

Ќе биде промовиран и поетскиот избор „Сенки зад ѕидот“ од Ивица Челиковиќ во превод на шведски јазик. За ова издание ќе говори професор д-р Венко Андоновски.

Годинава на Саемот на книгата во Гетеборг учествуваат издавачи и писатели од 66 земји, при што од регионот на Југоисточна Европа со свои штандови се претставени Македонија и Романија. И годинава се очекува Саемот да го посетат над 100.000 посетители.

Би можело да ве интересира

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска