Mакедонскиот павилјон на Венециското биенале на архитектура во историскиот комплекс Арсенале

Од:

Македонскиот претставник на годинашното Биенале на архитектура во Венеција, проектот  „Наоди“, ќе биде дел од престижниот историски комплекс Арсенале, соопшти Младинскиот културен центар.

Покрај 32-те држави кои имаат сопствени (трајни) павилјони во локалитетот Џардини, во Арсенале се најголемиот број на национални павилјони, учесници на Биеналето.

– Македонскиот павилјон ќе биде во старата оружарница (Sala d’Armi), комплекс од неколку поврзани објекти, поставени централно, и пристапни од главниот централен плоштад. Комплексот објекти на старата оружарница нуди извонредни услови за изложување, како во локациска, така и во просторна смисла. Најголемиот дел од објектите на старата оружарница беа подложени на обемен реставрациски потфат во 2011 година, така што сега се во автентична состојба и технички осовременети, информира МКЦ.

Во комплексот на старата оружарница, покрај македонскиот, ќе бидат и павилјоните на Аргентина, Албанија, Костарика, Обединетите Арапски Емирати, Мексико, Перу, Јужна Африка и Турција.

– Процесот на производство на изложбената поставка за проектот „Наоди“ е во завршна фаза. Сложеноста на изложбената поставка бара таа да се изработува во неколку специјализирани студија и работилници во Скопје, вклучувајќи учество на повеќе стручни лица. Покрај професорите од Архитектонскиот факултет во Скопје при УКИМ – автори на проектот, во одреден дел од реализацијата учествуваат и група студенти од истиот факултет, соопшти МКЦ.

Куратор на изложбата е Јован Ивановски, доцент на Архитектонскиот факултет во Скопје, кој на проектот работи заедно со Ана Ивановска-Дескова, Горан Мицковски, Бојан Каранаков, Огнен Марина, Владимир Десков и Александар Радевски.

Комесар на проектот „Наоди“ е Златко Стевковски, директор на Младинскиот културен центар. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“