Македонски филмаџии на „Берлинале“

Од:

Македонската кинематографија на годинашниот филмски фестивал „Берлинале“ е претставена од десетина филмски работници кои што ги презентираа своите проекти, контактираа со странски партнери и продуценти за нивните идни проекти или учестуваат во програмите на фестивалот кои што служат за професионално и уметничко надградување.

Вчера на европскиот филмски маркет на Берлинскиот филмски фестивал беше прикажан првиот игран филм на младиот режисер Вардан Тозија. Авторот и продукцијата се задоволни од проекцијата на која присуствувале триесетина странски продуценти кои по премиерата треба да овозможат учество на светски фестивали. Во филмот покрај професионални актери како Никола Ристановски глумат и натуршчици.

– На Берлинале дојдовме со долгоматражниот игран филм , сега веќе со официјален наслов Џган на англиски преведен како Амок, филм за група млади деликвенти кои што се одлучуваат да ја извршат својата одмазда врз светот кој што ги запоставил, вели за МИА Вардан Тозија режисер на филмот „Џган“.

Продуцентот на филмот Огнен Антов од продукцијата „Дрим Фектори“ е уверен дека успехот на „Амок“ ќе биде успех и за македонскиот филм и за целата нова генерација филмскитие работници.

– Полната сала на берлинскиот филмски маркет каде што се прикажуваат 1150 филмови е добар сигнал дека филмот Џган може да има и меѓунардоен успех. Присуството на голем број на претставници на филмски фестивали и дистрибутери треба да не доведе со премиера на филмот Амок на некој од филмските фестивали од А категорија и подигнување на таканаречента млада македонска кинематогрфија на повисоко ниво. Со тоа и младите режисери, актери продуценти ќе можат да се етаблираат во европски и светски рамки“ вели Антов.

Директорката на Агенцијата за филм Мими Ѓоргоска – Илиевска во Берлин дојде со повеќе цели. Две од нив се најважни, промоција на македонскиот филм и презентација на Македонија како филмска продукциска дестинација односно привлекување на странски филмски автори и продукции кои би ги користеле македонските кинематографски капацитети.

– Она на што ставаме посебен акцент при нашите презентации овде во Берлин се поволностите за снимање во Македонија кои што се зголемија со донесувањето на новиот закон за филмска дејност. Учеството на Македонија во програмата „Медиа“, отворањето на канцеларијата на оваа меѓунарoдна програма дополнително треба да ја зајакне македонскта киноматграфија и да донесе поголем квалитет во македонската филмска уметност и индустрија, вели директорката на Агенцијата за филм Мими Ѓоргоска – Илиевска.

На „Берлиналето“, фестивал кој ги собира највлијателнните луѓе во европската и светската кинематографија покрај македонските филмови беше претставен и Фестивалот „Браќа Манаки“, а младата режисерка Дина Дума е дел од специјалната програма за талетнирани режисери „Берлинале талентс“.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата