Македонската литература на саемот на книгата во Франкфурт

Од:

На штандот на Република Македонија на Саемот на книгата во Франкфурт денеска ќе се одржи централен настан со учество на писателите Луан Старова, Никола Маџиров и Лидија Димковска и музички перформанс на Зоран Маџиров.

Саемот почна на 8 октомври и ќе трае до утре. Комесар  на претставувањето на македонската литература годинава е Здружението на издавачи и книжари на Македонија (ЗИКМ),  а претставувањето е под слоганот „Куќа на зборови, куќа на светови“.

РМ на саемот има специјално дизајниран штанд и публикација со избор и превод на кратки извадоци од творештвото на 18 македонски автори. На штандот се претставени и капиталните проекти на Владата и Министерството за култура, како и Конкурсот за превод на дела на македонски автори од издавачки куќи од странство.

Концептот на претставувањето првпат е осмислен од универзитетски професори по литература – Соња Стојменска-Елзесер, Весна Мојсова-Чепишева и Елизабета Шелева. Осумнаесеттте автори се распоредени по шест во три сегменти, секој со различна тема и поврзан со познати мотиви од културното наследство.

Првиот сегмент е насловен „Пишување (надвор од) дома“ и опфаќа автори и дела кои тематизираат дом и (не)вдоменост, а симболично е ислустриран со „Охридска куќа“. Вториот сегмент „Умешностите на занаетот“ содржи мајсторски книжевни остварувања симболично поврзани со познатата Филигранска пеперутка и третиот сегмент „Отклучување на интимата“ со дела и автори кои се занимаваат со емоционален, еротичен, исповедно реалистичен дискурс, а е стилизиран со илустрација на Големата мајка.

Комисијата работела на концептот два месеца. Селектирала наслови објавени во последната декада и притоа начелни критеиуми биле: квалитетот на делата, жанровската разновидност, автори од различни генерации и атрактивност за европскиот книжевен пазар.

Се работи за најатрактивниот и најголем саем на книгата во светот, со над 65-годишна традиција.  Претседателот на ЗИКМ Горјан Лазаревски е задоволен што по неколку години пауза, повторно Здружението ќе ја има улогата на комесар и очекува успешно претставување и контакти на македонски издавачи со странски агенти.

Македонската издавачка продукција минатиот месец беше претставена првпат и во Гетеборг, најголем саем на книгата во Скандинавија, а по Франкфурт претстои и учество на саемот во Истанбул, од 8 до 16 ноември 2014 година, каде комесар на РМ ќе биде Сојузот на албанските издавачи.

Би можело да ве интересира

Антолог: 22 дела во вториот круг за наградата „ДРАГИ“ 2024

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска