Македонската литература на Саемот на книга во Франкфурт

Од:

Повеќе од 400 наслови од над 250 македонски автори, наградувани и преведувани, меѓу кои и 70 наслови од македонски автори преведени на европски јазици ќе бидат изложени на штандот на Република Македонија на Саемот на книга во Франкфурт, кој ќе се одржува од денеска до 15 октомври.

Претставувањето на Македонија на Саемот во Франкфурт годинава е во организација на Македонската асоцијација на издавачи, а финансиски е поддржано од Министерството за култура. Комесари на годинашното претставување на саемот се издавачките куќи „Три“, „Арс Ламина“, „Култура“ и КСЦ Полица.

Македонскиот промотивен штанд ќе биде сместен во петтата хала за меѓународни учесници под мотото „Магијата на македонската литература“.

– Во текот на саемските денови ќе бидат претставени пред се примероци од современата македонска книжевност, македонските автори кои веќе имаат објавено преводи на странски јазици, а фокусот на претставувањето ќе биде преведувањето на македонската книжевност на странски јазици, информира Македонската асоцијација на издавачи. Најавија дека ќе го потенцираат квалитетите на македонската книжевност, ќе работат на привлекување на интересот на странските издавачи и ќе го презентираат фондот на Министерството за култура за превод на македонска книжевност на странски јазици.

На 14 октомври во 12 часот во еден од промотивните центри на саемот ќе се одржи панел дискусија на тема „Предизвиците на патот кон меѓународна афирмација на книжевност на ,малите јазици’“. Предвидено е да учествуваат претставници од Словенечката агенција за книга, еден од нашите најпреведувани автори Лидија Димковска, Стефано Бисачи, италијански агент и сопственик на агенцијата „Темпи иреголари“ и потпретседателот на Здружението на грузиските издавачи.

Саемот на книга во Франкфурт е најголемиот настан на меѓународната издавачката индустрија. Годинава ќе има околу 7.300 изложувачи од повеќе од 100 држави и околу 300.000 посетители. Предвидени се околу 4.000 настани и присуство на повеќе од 10.000 акредитирани новинари, вклучувајќи и 2.400 блогери.

Би можело да ве интересира

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска