Македонија на 68. издание на Канскиот филмски фестивал

Од:

Агенцијата за филм на Република Македонија по шести пат во склоп на павилјонот на земјите од Југоисточна Европа се претставува на Филмскиот маркет на 68. издание на Канскиот филмски фестивал што се одржува од 13 до 24 мај.

Во текот на овие денови, Агенцијата ќе ја промовира македонската кинематографија со најновата филмска продукција, Македонија како дестинација за снимање филмови каде што со правото на поврат на средства во износ од 20% треба да се привлечат странските продукции да снимаат филмови, можностите за копродукција, промоција на македонските филмски фестивали и други проекти од областа на филмската дејност.

Оваа година Република Македонија ја слави и 110 годишнината од филмското творештво и опус на браќата Милтон и Јанаки Манаки. Годишнината ќе биде во фокус на македонската забава која ќе се одржи на 17 мај со почеток од 17.00 часот на која се очекува присуство на голем број на професионалци од областа на филмската индустрија (селектори на фестивали, директори на филмски маркети, дистрибутери, продуценти, селс агенти).

На забавата, на филмските професионалци од целиот свет ќе им биде доделен промотивен материјал во чест на браќата Манаки кои се подготвени од страна на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Агенцијата за филм, Кинотеката на Македонија и градот Битола. На забавата гостите ќе уживаат во македонските вина од винариите Тиквеш и Стоби.

На годинашниот Кански филмски маркет, преку Агенцијата за филм на Република Македонија,  ќе има проекција на четири филмови: „Медена ноќ“ на Иво Трајков, „Три дена во септември“ на Даријан Пејовски, „Шишка Де Лукс“ во режија на Јан Цвитковиќ и „Жената на мојот живот“ на Антониј Дончев.

Светозар Ристовски, режисер и продуцент на продуцентската куќа Small Moves Films е овогодинеш македонски претставник меѓу дваесет од најдинамичните нови продуценти од цела Европа кои се избрани да учествуваат на „Producers on the move“ за 2015 (13-24 мај, 2015 година).

„Producers on the move“ е платформа за поврзување на продуцентите во организација на European Film Promotion, која се одржува на годишно ниво и претставува збирно место за остварување контакти со филмски професионалци и можна копродукциска соработка на актуелните проекти, соопшти Агенцијата за филм на РМ.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата