Ликовна изложба на украинската писателка Ана Багриана

Од:

Културниот центар „Феникс“ во Скопје денеска  ќе организира ликовна изложба на писателката Ана Багриана од Украина, која живее во Скопје.

Ќе бидат презентирани нејзините најнови цртежи на повеќе теми. Изложбата ќе ја отвори Живко Поповски-Цветин, а на отворањето со поезија ќе настапи Бојан Ангелов, претседател на Сојузот на писателите на Бугарија.

На Ана Багриана во оваа пригода ќе и биде врачена наградата за сликарство „Арт Феникс“, која ја доделуваат издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“