Либералната партија се приклучи кон повикот „Не го чепкај МКЦ“

Од:

Либералната партија се придружува кон повикот на голем број уметници – „Не го чепкај МКЦ“.

Партијата смета дека МКЦ е бедем на културата кој подолго време работи беспрекорно, со специфична енергија и неверојатно квалитетна понуда на културни настани.

„Има фантастичен тим, одлично раководство и директор кој доаѓа од јадрото на креаторите на програмата на МКЦ – и тоа треба така да остане и понатаму. ВД директорот Русе Арсов е врвен професионалец кој долги години наназад е столб на културната политика и менаџирањето на таа институција, човек кој на кадровски план создаде тим на кој многумина би му завидувале. Дегутантно е во МКЦ да се поставува директор по партиски клуч – човек кој никогаш не стапнал во МКЦ. Смената на ова професионално раководство со партиско ризикува со дилетантизам, и ќе предизвика ненадоместлива штета за урбаната култура во Македонија и ќе се уништи една посебна енергија и мачно стекнато знаење“, велат од Либералната партија преку соопштение.

Додаваат дека не треба да се дозволи и она малку професионално и квалитетно во државата да се уништи.

„Апелираме власта мудро и храбро да се одважи и да овозможи овој раководен тим и понатаму беспрекорно да менаџира со МКЦ“, се вели во соопштението на Либералната партија.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Предраг Петровиќ

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

Јакимовски за викенд -акцијата „Здрави навики“: Заедно со граѓаните се грижиме за здравјето и градиме здрави животни навики