Јакимовски за викенд -акцијата „Здрави навики“: Заедно со граѓаните се грижиме за здравјето и градиме здрави животни навики

Од:

Промоција на здрави животни навики, како и дискусии на теми значајни за заедницата беа дел од викенд акцијата во Градскиот парк во Скопје со поддршка од градската организација на Либерално-демократската партија Скопје под мотото „Здрави навики“. Настанот го предводеше претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, заедно со претседателите на општинските организации и останати членови.

-Во изминатиот период секој од нас заклучи дека здравјето и здравите навики се најзначајни за секој од нас, а тоа е и основно човеково право. Иако промените тргнуваат од секој поединец, ние сме тука да дадеме поддршка на граѓаните, а ова беше одлична прилика за сите нас да се дружиме, да разговараме и да се едуцираме на различни теми. Се надеваме дека активностите и дискусиите од денот ќе инспирираат континуирано учество и ангажман на граѓаните во нашите идни иницијативи, рече претседателот на градската организација при ЛДП Скопје, Филип Јакимовски.

Оваа иницијатива беше создадена со цел да им додели здрави овошки на граѓаните на Скопје и да им овозможи да се запознаат со програмата на ЛДП за претстојните избори.

Во текот на викендот, учесниците се дружеа преку различни активности креирани да промовираат здрави животни навики, како и преку дискусии на теми од значајни за заедницата. Со акцент на значењето на здравјето, благосостојбата и активното учество во партијата, акцијата „Здрави Навики“ потенцира дека за нив #СекојЕВажен.

Партијата ги поканува сите граѓани и симпатизери да ги споделат своите иницијативи и предлози преку веб-страна www.ldp.mk, за да ги реализираат во следниот мандат.

Либерал-демократите и градската организација на ЛДП Скопје се заблагодаруваат на сите учесници кои додадоа придонес на овој настан и ги покануваат сите граѓани на Скопје да останат активни и да продолжат да градат здрави навики за подобро утре.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови

(ВИДЕО) Вељаноски од ЛДП: Нашите либерални политики нудат прогрес, па ВМРО-ДПМНЕ ги преслика во нивната програма