Во манастирот „Св.Јоаким Осоговски“ крај Крива Паланка од денеска до 12 јули ќе се одржи 24. сесија на меѓународната Летна школа за архитектура што ја организира Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје.
Темата на годинашната сесија на школата е „Изблик на чиста архитектура во планините“. Со сесијата ќе раководи доц. д-р Слободан Велевски, а гостин тутор е архитектот Питер Вилсон.
Во работата на Школата учествуваат студенти од земјава и странство.