Кумановскиот театар со онлајн-претстава по повод 27 Март

Од:

По повод Светскиот ден на театарот 27 Март, Кумановскиот театар денеска онлајн ќе ја прикаже култната претстава „Гејм овер“ (Game Over) по сценарио и режија на Сашо Миленковски, соопшти Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово.

Оттаму информираат дека претставата е премиерно изведена од Кумановскиот театар во јануари 1993 година. Инспирирана е од драмата „Парите се отепувачка“ на Ристо Крле и е препозната како прва постмодернистичка претстава во Македонија.

До 1996 година „Гејм овер“ имала над 60 изведби. Одиграна е на многу фестивали во земјава и во странство, а во 1993 година е прогласена за апсолутен победник на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Во претставата играат Љубица Гојковиќ, Верица Ристоска, Горан Илиќ, Митко Апостоловски. Музиката е на Венко Серафимов, а сценографијата на Љубиша Јовановски.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во центарот на Куманово

Болна е обвинетата градежна инспекторка од Куманово, судот денес ја одложи расправата

Градежна инспекторка од општина Куманово заработи кривична пријава од МВР

Кумановец заработи пријава: Со остар предмет сакал да убие познаник

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Девојче е првото бебе во Куманово