Краткометражниот филм „Последните камбани“ на фестивал во Монтреал

Од:

Краткометражниот филм „Последните камбани“ работен по сценарио и во режија на Никола Поповски ќе биде прикажан на 41. издание на „Монтреал ворлд филм фестивал“, кој се одржува во Канада.

Филмот е селектиран во рамки на светската натпреварувачка селекција за кратки филмови, а неговата проекцијата е на 28. август.

Продукцијата на „Последните камбани“ е на „ДНФ филмс“, а остварувањето е поддржано од агенцијата за филм на Република Македонија. Актерот Мето Јовановски ја игра главната улога. Директор на фотографија е Фејми Даут, а актерската екипа ја сочинуваат и Сања Николовска Најдовска и Виктор Најдовски.

За режисерот Поповски, да се биде дел од фестивал со четириесет годишна историја, и тоа во натпреварувачка програма на кратки филмови, претставува чест, но и одговорност да се продолжи традицијата на културолошкиот квалитет, разновидност, независност и креативност кои тој ги нуди.

Продуцентот Гоце Кралевски објаснува дека филмот ќе биде прикажан и на 23. издание на Меѓународниот фестивал за кратки филмови во Драма, Грција, кој се одржува од 18. до 23. септември.

– Куриозитет на „Последните камбани“ е што во него воопшто нема говор, а убавините на двете села, Љубојно и Брајчино, каде се снимаше минатата година, играат важна улога и тие како да се дел од карактерите. Се надевам дека токму ова ќе успее да ги плени филмските сладокусци низ светските фестивали, рече Кралевски.

„Последните камбани“ е остварување кое говори за осаменоста и соочувањето со неа и ја носи приказната за еден старец (Јовановски), кој преку камбаната комуницира со неговиот пријател од соседното село.

Сценографијата е на Никола Анѓелковски, музиката на Дарко Спасовски – Пацки и на Горан Кан, шминката е на Наталија Кајевска, а костимите ги направи Ирена Боневска.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка