Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Од:

Проекцијата на филмот “Queer” со Даниел Крег во главната улога, кој содржи сцени од геј секс, е забранета во Турција. Локалните власти изјавија дека филмот не може да се прикажува од „безбедносни причини“.

Стриминг платформата Муби потоа одлучи да го откаже Муби Фест Истанбул 2024. Муби исто така наведува дека турските власти само неколку часа пред закажаната проекција им рекле дека “Queer” е забранет со одлука на општина Кадикој.

Во одлуката е наведено дека филмот е забранет поради неговата провокативна содржина која може да го загрози јавниот мир и дека забраната е донесена од безбедносни причини. Од Муби, меѓу другото изјавија:

„Ние веруваме дека оваа забрана е директно ограничување на уметноста и слободата на изразување. Фестивалите ја слават уметноста, културната различност и заедницата, зближувајќи ги луѓето.

Иако хомосексуалноста е легална во Турција, претседателот Реџеп Таип Ердоган претходно ги означи членовите на ЛГБТК+ заедницата како „девијантни“ и ги забрани парадите на гордоста.

Филмот “Queer” го режираше Лука Гвадањино. Станува збор за адаптација на истоимениот роман на Вилијам С. Бароуз за американски иселеник во Мексико Сити кој станува опседнат со млад студент.

Покрај Крег, во филмот играат и Лесли Менвил, Џејсон Шварцман, Дру Старки, Дејвид Ловери и други.

Би можело да ве интересира

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид

Русинка шокира со својот изглед: „Мажите не можат да се носат со мојата големина“

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Шер реши да се повлече од сцената: Сакам да имам пак 60 години, секаде сум најстара

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола