Коронавирусот ја одложи и Евровизија

Од:

Организаторите на избор за песна на Евровизијата денеска соопштија дека поради ситуацијата со коронавирусот го откажуваат ова музичко натпреварување.

„Со голема тага мора да соопштиме дека Изборот за песна на Евровизија 2020 во Ротердам е откажан. Во текот на последните неколку седмици разгледувавме различни алтернативни опции како да ја организираме Евровизија. Меѓутоа, со оглед на неизвесноста која ширењето на коронавирусот го предизвика во Европа и ограничувањата воведени од земјите-учеснички и Холандија, ЕБУ донесе тешка одлука дека не е можно да се продолжи со планираниот настан“, се вели во соопштението од ЕБУ.

„Скршено ни е срцето бидејќи Евросонг нема да се одржи во мај, но сигурни сме во тоа дека целото Евросонг семејство ширум светот ќе продолжи да шири љубов и поддршка во овие тешки времиња“, соопшти, меѓу другото, организаторот на манифестацијата.

Изборот за песна на Евровизија требаше да се спроведе од 12 до 16 мај во Ротердам, а македонски претставник требаше да биде Васил Гарванлиев.

Би можело да ве интересира

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он

Голема трагедија во семејството на грузиската претставничка на Евровизија

А1он

Израел ги прифаќа условите на ЕБУ: Ќе ги сменат спорните делови од текстот за да го задржат учеството на Евровизија

А1он

Незадоволство од победникот: Фановите на ПЗЕ покренаа петиција да се повтори гласањето

А1он

И во Србија и во Исланд не победија фаворитите за претставници на Евровизија

А1он

Хрватската песна се искачи на врвот на обложувалниците за победник на Евросонг

Предраг Петровиќ