Познатата трилер -драма „Кукли“ со српскиот актер Милош Биковиќ стана дотапна и за македонската публика. Биковиќ во серијата “Кукли“, која брзо по премиерата на Глеј стана и фаворит на публиката, го игра атрактивниот и хариматичен бизнисмен кој го користи сексот за да успее во немилосрдниот свет на бизнисот.
Жешките сцени на прв поглед го задржуваат вниманието на гледачот, но ги отсликуваат меѓучовечките интеракции кои ги откриваат падот на вредностите на едно современо општество каде се газат животи за успех и пари, но води и до самоткривањето на вистинскиот пат за главниот лик.
Милош го игра симпатичниот сопственик на агенција за односи со јавноста, кој можеме да го видиме во многу ситуации во боемскиот ентериер на ноќни клубови, фенси ресторани, бизнис канцеларии и спалните соби, каде тој го бара патот до успехот и задоволството. Корупцијата и местенките во „Кукли“ се расплетуваат во едноставни и силни човечки емоции водени од одмаздата.
Биковиќ ќе мора да се соочи со последиците од неговите постапки, а токму тоа не го остава рамнодушен гледачот и мора да ја изгледа „Кукли“ до крај.