ВИДЕО: Теактер студио од Куманово со претставата „Драга Јелена Сергеевна“ на фестивал во Србија

Од:

Теактер студио на Здружението за култура и уметност „Про Арте“, со претставата „Драга Јелена Сергеевна“ утре ќе настапи на Меѓународниот театарски фестивал ИНТЕФ во Шабац, Србија.

– По својата премиера минатата година во ноември и одиграни претстави во Куманово, гостувања низ неколку градови во државата, ова е прво излегување надвор од државата, на фестивал со натпреварувачки карактер, во официјалната програма. Екипата е задоволна што ќе гостува во странство, возбудена што претставата отвара можност за креативна комуникација со публика која првенствено зборува на друг јазик, а тоа е секогаш предизвик и можност за потврда дека театарот е медиум кој носи универзални вредности, изјави режисерката на претставата, Кети Дончевска Илиќ.

Во претставата играат актерите Александра Пешевска, Александра Михајловска, Давид Илиќ, Никола Наковски и Мишо Димитријевски. Претставата е работена во соработка со Театар Куманово.

Гостувањето на претставата „Драга Јелена Сергеевна“ на овој фестивал е овозможено со финансиска поддршка на Министерството за култура.ам

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Левица пак демолираше во Собрание: „На ова пудлициве од ВМРО сите им се лижат оти ќе прават Влада“

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Собрание: Крмов од Левица му го искрши компјутерот на спикерот, Апасиев го гаѓаше Мисовски со амандмани

Орце Костов

Низа фестивалски прикажувања на „Борба за смрт“ на Венинова