Конкурсот за „ФИЛМАЈ 2023“ – фестивал на краток филм Куманово трае до 31 март годинава

Од:

Фото-кино клуб „Козјак“ од Куманово, организатор на фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ 2023“, денеска ги покани филмските автори да пријават свои дела во наредните две недели. Пријавувањето е преку платформите „festhome“ и „FilmFreeway“. Конкурсот е отворен до 31 март годинава. Фото-кино клуб „Козјак“ од Куманово информира дека до сега се пристигнати стотина филмови, од кои дузина се македонски. Филмовите ќе ги прегледа стручното жири во состав: Симона Димковска, Борна Зидариќ и Мартин Давитковски.

-Резултатите ќе бидат објавени при крај на месец април, а самиот фестивал ќе се одржи во две вечери (30 и 31 мај 2023), во занаетчиски дом – Куманово. Претходница на фестивалот ќе биде ревијална вечер на 11 мај 2023, во рок-бар „Валхала“ во Куманово, каде ќе биде прикажан избор од кратки филмови од првите четири изданија на фестивалот, соопшти организаторот.

Петтото издание на ФИЛМАЈ фестивалот ќе се случи во година кога фото-кино клуб „Козјак“ – Куманово одбележува 75 години од основањето.

Би можело да ве интересира

Поетскиот филм „Летна соната за мојот град“ во официјална селекција на интернационалниот „Поетски филмски фестивал ‒ Лос Анџелес“

Ана Ололовска

Филмот „Ѕверови“, добитник на 9 шпански Оскари на 51. ФЕСТ

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ на филмскиот фестивал Tous Courts во Франција

Нова продукција на Пиреј филм

Ана Ололовска

Tри филмови во трка за најдобар европски филм за млада публика

„Превртено“ на Игор Иванов-Изи во Кинотека по повод 15 години од премиерата

Ана Ололовска