онференција на тема „Креативна Европа на ЕУ – поттик за културна соработка“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Министерството за култура во соработка со Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при Европската комисија (Сектор за култура).
На конференцијата ќе се обратат министерот за култура Роберт Алаѓозовски, кој ќе говори на темата „Патот на Западен Балкан кон ЕУ: Културата има своја улога“, како и шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар, кој ќе говори на темата „Зошто културата е важна за Европската унија?“, раководителот на Секторот за култура од Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при Европската комисија, Карел Бартак.