Презентации на „Креативна Европа“ на 8 ноември во МКЦ

Од:

Креативна Европа – Култура и МЕДИА Деск МК во соработка со филмскиот фестивал „Синедејс“ на 8 ноември напладне во Младинскиот културен центар ќе организира отворени презентации. Македонскиот деск на оваа програма на ЕУ  потсетува и на тековните отворени повици за апликации.

Темите на презентациите во склоп на „Синедејс“ ќе бидат: „10 најчести прашања и одговори“ – поврзани со новите повици на МЕДИА, критериумите за аплицирање и можностите за учество на тренинг-програми; „European Film Challenge 2020“ – промоција на проект поддржан од МЕДИА преку македонската партнерска организација „Блинк 42/21“; „Проекти за соработка – Креативна Европа Култура“ – и „Примери на добра пракса“ – потпрограма Култура.

Настанот е отворен за јавност, а покрај претставници на аудиовизуелниот сектор и културата, организаторот ги поканува и приватните компании, фондации, општини, универзитети, студенти, невладини организации и медиуми да присуствуваат за да се запознаат со сите можности што ги нуди „Креативна Европа“.

Би можело да ве интересира

Импров-групата „Настап“ вечер во МКЦ

Ана Ололовска

Медена оскаровска ноќ во „МКЦ“

Драган Поповски

Концертна промоција на ново издание од PMG Recordings

Ана Ололовска

Роденден на уметноста во Младинскиот културен центар

МКЦ задутре ќе ја отвори сезоната со „Роденден на уметноста“

Ана Ололовска

Концертна промоција на деби албумот на рок групата „Lincoln Letter“

Ана Ололовска