Промоција на културни продукти од програмата Креативна Европа 2014/2020

Од:

Разни културни продукти – книги, видео материјали и прирачници се промовираа на денешниот настан организиран од Канцеларијата за Креативна Европа – Култура, во соработка со Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија и Канцеларијата на Креативна Европа – Култура на Република Србија. Овие продукти се дел од програмата Креативна Европа 2014/2020 година.

Канцеларија на Креативна Европа – Култура организира вкупно три промотивни настани. Следните два настани се на 8 и 15 јуни. Темата на овој серијал настани е „Креативна Европа Дома“.

Освен промоција на програмата Креативна Европа 2014/2020, ќе биде најавено и започнувањето на новиот циклус на програмата, Креативна Европа 2021/2027 година.

Билјана Прентоска, раководител на Канцеларија на Креативна Европа – Култура при Министерство за култура на Република Северна Македонија денеска изјави дека целта на овие три настани е циркулација на уметнички дела, производи, продукти и да се осознае што значи културниот продукт, колку тој културен продукт и понатаму живее по завршувањето на проектите.

– Самите проекти имаат одреден рок на имплементација, но делата кои се создаваат во рамки на тие проекти, секако би требало да имаат една подолгорочна рефлексија и тоа не само во областа на културата, туку и во целиот општествен систем, рече Прентоска.

Таа појасни дека овие настани се во соработка со Делегацијата на Европската Унија и со Канцеларијата на Креативна Европа на Република Србија под програма Култура, и за таа цел се поканети и гости од Србија да ги промовираат и нивните проекти, не само македонските култури организации што ќе ги промовираат своите проекти.

– Со оглед на целата ковид ситуација не можевме баш многу да се вмрежуваме со останатите дискови и ова на некој начин го правиме со размена на наши искусва меѓу овие две земји, додаде Прентоска.

Исто така, дел од промоцијата се и трите книги од четири организации кои ги создаде Канцеларијата на Креативна Европа на Србија.

– Ќе бидат промовирани и трите книги создадени од Канцеларијата на Креативна Европа на Србија, а за кои не е лесно да бидат поддржани пркеу онаа класична категорија литературни преводи на Европската Комисија, односо на програмата на култура. Сепак, за еден друг тип на книги кои не се белетристика програмата овозможува да се создаде еден културен продукт, каде со одредени полиси и филзоофски димензии можат да дадат свој придонес во градењето на нашите културни политики на национално, регионално, но и европско ниво, рече таа.

Според Прентоска, културните продукти се начин на израз на одредени визии, кои произлегуваат од околностите во кои што тие се создаваат.

– Апсолутно треба да се посвети поголемо внимание на нив и да им се даде поголем простор за промоција, не само во рмаки на проектите на имплементацијата, туку да им овозможиме да живеат и после завршувањето на проектите, додаде Прентоска.

Таа очекува во иднина да бидеме поголеми оптимисти, во вакви проекти да се вклучат повеќе организации, затоа што, посочува, токму овие културни проекти се наменети за јавното добро, и овозможуваат убава интеракција со граѓаните со цел заедничко градење на нашиот општествен простор.

– Во иднина мора да бидеме оптимисти, во земјава веќе има профилирано организации кои се долгододишни корисници на проекти од самата Креативна Европа, кои имаат изградено и капацитети и знаење, и знаат како да креираат и имплементираат проект. Секако, очекувањата се да се вклучат што поголем број на организации од нашата држава, што повеќе да се вмрежуваат и да им се овозможат подобри услови. Ние како Канцеларија ќе помогнеме за вмрежување и партнерства со европски организации, да се внесе една европска димензија во целиот наш локален контекст, да се охрабрат и локалните и националните институции што повеќе да се вклучуваат во вакви европски проекти со европска додадена вредност, затоа што самите проекти се наменети за јавното добро, појасни Прентоска.

Димитрије Тадиќ раководител на Канцеларија на Креативна Европа – Култура при Министерство за култура на Република Србија денеска на првиот промотивен настан изјави дека идејата на неговото учество е размена на искуства меѓу Србија и Северна Македонија, но и да се промовираат успешни проекти од Србија.

– Идејата на нашето учество тука е да размениме наши искуства кои се всушност многу слични како и во останатите држави во регионот. Нашата идеја е да ја продолжиме соработката со професионалците од областа на културата од Македонија и Србија. Сметам дека соработката во нашиот регион е секако задоволителна, но би морала да биде уште подобра и сметам дека и можностите за европско позициопнирање се далеку подобри за сите нас, доколку соработуваме заедно како регион, а не поединечно како државата, додаде Тадиќ.

Би можело да ве интересира

Oтворени презентации за проекти за Креативна Европа Култура за 2020

Ана Ололовска

Презентации за потпрограмите на „Креативна Европа“ – Култура и МЕДИА

Ана Ололовска

Презентации на „Креативна Европа“ на 8 ноември во МКЦ

Ана Ололовска

Презентација на МЕДИА Деск за продуценти и тркалезна маса за филмска критика

Ана Ололовска

Канцеларијата за Креативна Европа – Култура ќе го презентацира проектот „Проекти за соработка“

Ана Ололовска

Инфосесии за потпрограмите на „Креативна Европа“ во пет општини

Ана Ололовска