Концерт на Влатко Стефановски во охридскиот Антички тетар

Од:

Најпознатиот македонски гитарист Влатко Стефановски вечер ќе има концерт во Античкиот театар во Охрид. Нашиот гитарски виртуоз ќе настапи со гостите и негови пријатели Теодосиј Спасов од Бугарија, хармоникашот Танос Ставридис од Грција, Биља Крстиќ од Србија, Весна Гиновска Илкова и групата „Љубојна“ од Македонија. Посетителите ќе можат да го слушнат неговиот последен проект, албумот „Мајчин јазик“.

– Верувам дека охридскиот концерт ќе биде кулминација на сите мои трагања, музички и просторни. Со нетрпение го очекувам концертот и моите гости кои доаѓаат од разни страни, рече Стефановски минатиот месец на прес-конференција во Скопје. Додаде дека е оптимист и очекува добро време за охридскиот концерт.

За Охрид рече дека е место полно со магија, дух, уметност, неверојатна природа и претставува секогаш голема инспирација и возбуда за него.

– И би сакал да ја имаме таа среќа да влеземе во празникот, 2 Август-Илинден, заедно со последните нумери од концертот, рече Срефановски.

Баги комуникации, кои се организатори на концертот, најавија присуство на првата жена премиер на Словенија Аленка Братушек. Почетокот на концертот е во 22 часот.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(Видео) Музика и хор од 20.000 евра на свеченото отворање на првите 40 километри автопат во Црна Гора

A1on

Жан Мишел Жар: Мориконе беше непресушен извор на инспирација

Ана Ололовска

„Љубојна“ со акустичен концерт за душа вечер во МОБ

Ново ЦД на македонскиот пијанист Симон Трпчески насловено „Сказни од Русија“

Татјана Ташкова

„No Borders Orchestra“ вечер ќе настапи во Марибор