Концерт на полскиот „Жешов Клезмер Бенд“

Од:

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија вечер концерт ќе одржи полскиот „Жешов Клезмер Бенд“.

Групата „Жешов Клезмер Бенд“ во состав Јацек Анишек – кларинет, Матеуш Хмиел – кларинет, саксофон, Дариуш Кот – хармоника, Војчех Јајуга – контрабас, Камил Шчиак – перкусионистички инструменти, Катажина Блат- вокал, е основана како дел од изложбата посветена на работата на Бруно Шулц во Галеријата на уметност во 2004 година во Жешов.

Претходно, денеска тие исто така ќе настапат во Аулата на Филолошкиот факултет при УКИМ во рамки на Денот на полскиот јазик и полската култура во Македонија.

Групата има одржано преку 300 концерти во Полска, Европа и на други континенти. Има учествувано на многу натпревари и фестивали. Песните што ги изведуваат музичарите се традиционални клезмерски мелодии на источно – европските Ашкенази, аранжирани на начин да содржат традиционални и современи елементи.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(Видео) Музика и хор од 20.000 евра на свеченото отворање на првите 40 километри автопат во Црна Гора

A1on

Жан Мишел Жар: Мориконе беше непресушен извор на инспирација

Ана Ололовска

„Љубојна“ со акустичен концерт за душа вечер во МОБ

Ново ЦД на македонскиот пијанист Симон Трпчески насловено „Сказни од Русија“

Татјана Ташкова

„No Borders Orchestra“ вечер ќе настапи во Марибор