Ќе се заокружи петгодишниот процес за реевиденција на иконите во прилепско

Од:

Конечно, по пет години, прилепскиот музеј ќе ја заврши обемната реевиденција на иконите во црквите и манастирите, на пишаните документи и на архитектурата. Откако тоа се направи на сакралното богатство во Крушево, Кривогаштани, Мариово, па Долнени, останаа црквите и манастирите во прилепско, како најобемни. Посебна е црквата „Свето Благовештение““ која има икони колку во 30 во прилепско. Оттаму се и познатите книжни икони, претставени на светска изложба во Њујорк.

-Конечно завршуваме со проектот реевиденција на иконите, фрескоживописот, пишаниот материјал во црквите и манастирите. И тоа сега на територијата на Прилеп. Останаа околу 30 цркви во прилепско кои треба да се завршат, заедно со градските цркви. Вкупната брока на икони кои треба да се реевидентираат, заедно со новите, посебно е изоставен во реевиденцијата 19 век. Најголема збирка на икони содржи централната црква, Свето Благовештение и ќе биде посебно третирана. Има преку 170 икони кои се евидентирани како споменик на културата, вели Христоска.

Од процесот на реевиденција, впечатокот е дека 19-тиот век е во заборав.

-Сега се оди на комплетно документирање на сите црви од 19-тиот век, со фрескоживописот, заедно со иконите. Тука е и архитектурата. Инаку, иконите од 19-тиот век се во катастрофална состојба. Битно е да се преземат заштитни мерки. Министерството за култура треба да се заложи за тоа, објаснува Христоска.

Последниве 15-тина години нема никаков проблем со исчезнувањето на икони во Прилепско, туку е потребно нивно зачувување.

Би можело да ве интересира

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски

Ограбен е манастирот „Св.Јован Крстител“ во скопското село Љубанци

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

На дело е фатен арамијата кој ја ограби црквата „Св.Архангел Гаврил“ во Гази Баба

(ВИДЕО) Г. Јаков: Имаме должност да ги заштитме децата и семејството

А1он