ВИДЕО: Дождот ги оштети МНТ и Археолошкиот музеј, Алаѓозовски најави тужби за изведувачите

Од:

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, на денешната прес-конференција ги потенцираше штетите направени во Македонскиот народен театар и други објекти, предизвикани од дождот.

Според него, тие се уште еден доказ за тоа дека објектите од „Скопје 2014“ се правени бесправно, дилетантски и се опасни за употреба.

„Размислуваме да формираме уште една консултантска работна група за проектот „Скопје 2014“ составена од стручни лица, инженери, архитекти кои ќе даваат совети за отстранување или репарирање на објектите, а натаму ќе се утврдува и одговорноста на оние со чиј потпис се настани штетите“, рече Алаѓозовски.

Од Археолошкиот музеј, каде се наоѓа и Државниот архив, истакнаа дека поплавата која вчера се случи во музејот, засега нема направено голема штета врз документите. Тие велат дека се преземаат мерки за санација на штетите.

Од дождот кој веќе неколку дена врне во главниот град, подигнато е нивото на реката Вардар и се поплавија дел од објектите од проектот „Скопје 2014“, меѓу кои и објектот на МНТ и Државниот архив.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Поплавена Токсикологија – пукнала цевка од парно

Анита Петровска Рајковиќ

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје