Кинотеката со филмска програма за 50 години од скопскиот земјотррес

Од:

Кинотеката на Македонија од утре до 6 октомври ќе прикаже избор од документарни и играни филмови во програма насловена „Скопје пред и по земјотресот“.

Првите три дена (1, 2 и 3 октомври) ќе бидат прикажани десет документарни филмови снимени непосредно по земјотресот. Меѓу документарците е и еден во чешка продукција, снимен пред земјотресот („На двата брега на Вардар“ од 1959).

Во последните три дена од програмата се три играни филма: „Мементо“ (4 октомври), во кој земјотресот е главна тема, и „Скопје ремикс“ (5 октомври) и „Панкот не е мртов“ (6 октомври) од 2012 година, кои го тематизираат скопското секојдневие.

Специјален гостин на првата проекција ќе биде режисерот Александар Ѓурчинов кој ќе ги раскаже своите спомени поврзани со катастрофалниот земјотрес во 1963.

– Кинотеката се приклучува кон одбележувањето на 50-годишнината од скопскиот земјотрес. Овој проект се реализира во соработка со Град Скопје и Универзалната сала, соопшти Кинотеката. Проекциите се бесплатни и ќе почнуваат од 20 часот.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата