Кинотеката ќе го одбележи Денот на аудиовизуелното наследство

Од:

Со репрезентативен избор од значајни македонски филмски остварувања чии сценаристи се познати книжевници, Кинотеката на Македонија ќе го одбележи Денот на аудиовизуленото наследство – 27 Октомври. Годинава тема на одбележувањето е „Нашата приказна – да не ја загубиме“.

Проекциите на седум кратки документарни филмови  ќе бидат одржани во кинотечното кино, со почеток во 12 часот. Ќе бидат прикажани филмовите: „Птиците доаѓаат“ во режија на Бранко Ивановски-Гапо по сценарио на Славко Јаневски, „Изморениот патник“  во режија на Благоја Дрнков по сценарио на Коле Чашуле, „Додека владееше оризот“ во режија на Трајче Попов по сценарио на Бошко Смаќоски, „Последни номади“ во режија на Бранко Ивановски-Гапо по сценарио на Влада Урошевиќ, „Вирово“  на Мето Петровски по сценарио на Петре М. Андреевски, „По пат одам, за пат прашам“ на Бранко Ивановски-Гапо по сценарио на Петар Т. Бошковски и „Поле“ на Мето Петровски по сценарио на Живко Чинго.

Кинотеката наведува дека покрај овие филмови (кои се снимени во 1950-тите, 1960-тите и 1970-тите години), и во современата македонска кинематографија значаен дел од успешните филмски остварувања се направени според сценарија на познати македонски книжевници.

Како примери ги посочува Венко Андоновски – сценарист на играниот филм „Превртено“ во режија на Игор Иванов-Изи, и Александар Прокопиев – сценарист на краткиот анимирано-игран филм „Кружното патување на Марето“ во режија на Жарко Иванов.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата