Кинотека на Македонија ќе го додели признанието „Златен објектив“

Од:

Кинотека на Македонија денеска ќе го додели признанието „Златен објектив“ за исклучителен придонес во македонската кинематографија.

Годинава, признанието ќе и биде доделено на Илинденка Петрушева, филмски критичар, публицист, советник-филмолог, промислувач и истражувач на историјата на македонската кинематографија.

Покрај доделувањето на наградата, планирано е да се одржи и проекција на документарниот филм „Бабички на револуцијата“.

Илинденка Петрушева, родена во 1944 година, во својот работен век беше и генерален секретар на Сојузот на филмски критичари на Југославија, долгогодишен претседател на Киносојузот на Македонија, еден од основачите на Кинотека на Македонија и на фестивалот „Браќа Манаки“, член на бројни жирија на домашни и странски филмски фестивали, селектор и уредник на многу филмски програми.

Петрушева беше и уредник на списанијата „Кинотечен месечник“ и „Кинопис – списание за историјата, теоријата, и културата на филмот и другите уметности“, а автор е и на голем број есеи, прилози и рецензии за филм и автор на книгите „Сонце на дирек: мали приказни за македонските филмски сонувачи“ (2005), „Време на игри и соништа – студија за аматерскиот филм во Македонија 1935-2011“ (2011) и „Само сонот е стварност – од бележникот на еден филмолог“ (2014).

Досегашни добитници на наградата „Златен објектив“ се доајените на македонската кинематографија – Благоја Дрнков, Трајче Попов, Бранко Гапо, Кирил Ценевски, Глигор Паковски, Дарко Марковиќ, Драган Салковски, Љубе Петковски и Коста Крпач.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата