Кино на отворено „Панкот не е мртов“

Од:

Како дел од културната понуда во рамки на кандидатурата за Скопје – Европска престолнина на културата, вечер (20.00), кај езерцето во првиот дел од Градскиот парк, ќе се одржи филмска вечер на отворено со проекција на хитот „Панкот не е мртов”, најави службата за информирање на Град Скопје.

Филмот е во режија на Владимир Блажевски. Во него станува збор за остарен панкер кој се бори за секојдневниот живот во Скопје. Во раните 1990 години се распаднала неговата рок-група, која тогаш имала култен статус. Еден ден, Мирса добива понуда, заедно со неговата стара група, да свири на една прослава во Дебар. Тој се согласува и тргнува во потрага по останатите членови на групата, а во тоа му помага неговата поранешна девојка.

Би можело да ве интересира

Градот Скопје е напуштен, без управа вели Ковачевски

Бочварски го потпиша договорот за имплементација на БРТ во Скопје

Шутаров: ДПМНЕ да не го кочеше проектот за БТР немаше денеска да зборуваме за катализма на ЈСП и јавниот превоз

А1он

Славевски ќе ја тужи Арсовска: Ме обвини дека фалсификувам, подобро да не дојдеше, ја отру атмосферата

Орце Костов

Вонредна седница на Советот на Град Скопје за зголемување на субвенциите за ЈСП

Мециновиќ: Во ЈСП се кршат работничките права – ДПМНЕ и СДС го саботираат јавниот превоз