Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Од:

Со жалење констатираме дека претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески одлучи да не ја прифати иницијативата на градоначалничката Данела Арсовска за свикување на итна седница на Советот со единствена точка на дневен ред – откажување од месечните паушали на советниците со цел истите да бидат донирани за лекувањето на малиот Леонид Индов.

Славески и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажаа дека единствено нешто кое ги интересира е месечниот паушал од 500 евра за седница, а не интересите и доброто на граѓаните. Славески и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја покажаа својата малодушност и недостатокот на капацитет за пожртвуваност со цел остварување на општо добро, ставајќи ги своите лични финансиски интереси пред хуманоста.

Градоначаланичката на Град Скопје, Данела Арсовска како што најави, донира една своја месечна плата со цел помош на Леонид, дополнително на нејзина иницијатива Градот Скопје одржува хуманитарна акција која се одвива во сите средни училишта и јавни претпријатија под надлежност на Градот со цел што побргу да се соберат средствата потребни за лекување на младиот Леонид, соопштуваат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Главниот град се гуши во смет. Дали Скопје има градоначалник

Приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје до петок ќе возат само до 10 часот изутрина

Град Скопје: Не сме надлежни за постапување во случаи со змии, влекачи или глодари

Град Скопје: Срушениот ѕид и ограда на Клинички центар е надлежност на Министерството за здравство

ВИДЕО: ЦУК бара од Град Скопје пешачки премин или кружен тек кај трговскиот Џевахир

Катерина Ѓуровски

Градот Скопје почнува хуманитарна акција за лекувањето на Леонид Индов