„Кавалерија рустикана“ во МОБ

Од:

Македонската опера и балет вечер ќе ја изведе операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи, во режија на гостинот од Италија – Џандоменико Вакари и под диригентство на Иван Еминовиќ.

Ќе учествуваат солистите Павлина Новакова во улогата на Сантуца, Зоран Сотиров (Туриду), Ристе Велков (Алфио), Николина Јаневска (Лола) и Марика Поповиќ (Мама Лучија). Учествува хорот и оркестарот на МОБ.

Маскањи ја напишал „Кавалерија рустикана“ на 28-годишна возраст, инспириран од новела на Џовани Верга. Либретото е на Џовани Тарџони-Тоцети и Гвидо Менаски. На конкурсот на издавачот „Сонзоњо“ ја добил првата награда и потоа операта имала светска премиера со огромен успех, на сцената на Театро Констанца де Рома на 17 мај 1890 година.

– До денес таа е редовно на репертоарот на сите сцени низ светот. Пишувана е во веристички манир и е скоро во исто време кога настанува и едночинката „Паљачи“ на Руџеро Леонкавало, па често тие две веристички опери се изведуваат во иста вечер на сцените на најголемите оперски куќи во светот. Маскањи во својот композиторски ракопис во „Кавалерија рустикана“ користи народни напеви од југот на Италија, наведува МОБ.

На македонската сцена оваа оперска претстава имала повеќе премиерни изведб – со првата бил и официјалниот почеток на работата на Операта на Македонскиот народен театар, на 9 мај 1947 година.

Би можело да ве интересира

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска

Традиционален Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023

Ана Ололовска

„Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во Национална опера и балет

Во Националната опера и балет ќе се изведе операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи

Горан Наумовски

Операта „Норма“од Винченцо Белини на сцената на Националната опера и балет

Балетските едночинки „Шехерезада“ и „Валпургиска ноќ“ на сцената на Националната опера и балет

„Кавалерија рустикана“ во МОБ

Од:

Македонската опера и балет вечер ќе ја изведе популарната опера во еден чин „Кавалерија рустикана“ на Пјетро Маскањи, со која ќе одбележи 150 години од раѓањето на композиторот.

Диригент на претставата е Бисера Чадловска, режисер Волфганг Вајт од Германија, сценографијата е на Живојин Трајановиќ, костимографијата на Лира Грабул.               .

Учествуваат солистите: Дешира Ахмети-Крлиу како Сантуца, Цветан Стојановски (Тируду),  Ристе Велков (Алфио), Олгица Милевска (Лола) и Марика Поповиќ (Мајка Лучија).

Драмата за страста, предавството и за одмаздата била праизведена во Рим во 1890 година, а на македонската сцена во 1947.

Би можело да ве интересира

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска

На Денот на шегата и маските уште две претстави на „Петар Пан“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Жизел“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на оперската претстава „Боеми“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на балетската претстава „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус

Ана Ололовска

Националната опера и балет со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон” во Пловдив

Ана Ололовска