„Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во Национална опера и балет

Од:

Драматичната опера „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 23 ноември 2022 со почеток во 20.00 часот.

Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство… ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Никола Булески, кореограф: Олга Панго, концерт – мајстор: Верица Ламбевска, хор – мајстор: Ѓурѓица Дашиќ.

Настапуваат: Ѓорѓи Цуцковски, Дешира Амети – Крлиу, Марјан Јованоски, Јане Дунимаглоски, Драган Ампов. Балетските солисти: Ендру Кук (Англија), Агим Бафтии и Меланија Гоцевска.

Хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска

На Денот на шегата и маските уште две претстави на „Петар Пан“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Жизел“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на оперската претстава „Боеми“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска