Кастинг за гласови за анимираниот филм „Јон Вардар против Галаксијата”

Од:

Првиот долгометражен македонски анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата” во продукција на „Линкс студио“ објави кастинг за гласови, кој е отворен за сите заинтересирани. Продукцијата соопшти дека „Јон Вардар“ е анимирана апсурдна СФ-комедија и дека за разлика од филмската глума, тука таа најчесто треба да биде и попретерана од театралната.

-Ликовите ќе бидат анимирани според гласот, затоа е многу важно актерите да направат динамична вокална изведба на секоја реченица, на секој збор. Секој лик треба да има посебна специфика на изразување, што значи дека дијалозите треба да се сфатат како жива материја која ќе се досредува и адаптира за време на снимањето. Можно е ликовите да зборуваат на различни дијалекти (битолски, скопски, кумановски, струмички) или акценти (албански, ромски, американски, француски, италијански). Доколку можете да го модулирате гласот и да добивате различни бои на гласот, сакаме да го чуеме тоа. Исто така, доколку можете добро да го имитирате гласот на некоја позната личност, пратете ни пример, соопшти „Линкс студио“.

Кандидатите треба да снимат една или повеќе варијанти на сцените по нивни избор и да ги пратат аудиофајловите на мејлот [email protected] со назнака – Кастинг Јон Вардар. Доколку мејлот е потежок од 25 Мб, да се користи платформата www.wetransfer.com. Во името на фајлот задолжително да стои името на кандидатот, а доколку има повеќе фајлови, треба да се додаде број на крајот.

Повеќе информации и слики од ликовите може да се најдат на фејсбук-страницата на филмот: https://www.facebook.com/johnvardarvsthegalaxy/  

Би можело да ве интересира

„Исцелител“ во Охрид на 25-ти и 26-ти октомври

Ана Ололовска

Фестивал на современ грчки филм и култура од 24 до 28 октомври во Скопје

Ана Ололовска

Две прикажувања на „Медена земја” денеска во Крива Паланка

Ана Ололовска

Трето издание на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје со поглед „Кон дигиталното“

Ана Ололовска

Филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ со уште три престижни награди

Ана Ололовска

Во Битола почнува „Недела на иранскиот филм“

Ана Ололовска