Изложба на Владимир Темков

Од:

Во Изложбениот салон на Музеј на град Кратово денеска ќе биде отворена изложба на слики на академскиот уметник  Владимир Темков.

Владимир Темков е роден 1959 година во Кавадарци. Завршил Педагошка академија и Факултет за ликовна уметност во Скопје, отсек графика.

Член е на ДЛУМ од 2001 година. Реализирал 60-тина самостојни изложби во Македонија, Хрватска, Бугарија, Франција, САД (Њујорк 2013), Турција како и учество на стотина групни изложби и проекти.

Учествувал во работата на преку 40 ликовни колонии кои се одржувале во Македонија и регионот. Има учествувано и на повеќе меѓународни конференции како и студиски претстој во Париз – Франција во 2011 год. Во текот на 2015 год. реализираше две самостојни изложби во Кавадарци и Скопје.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“