Изложба на слики на академскиот сликар Темков

Од:

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ денеска ќе биде отворена изложба на слики од академскиот сликар Владимир Темков.

Изложбата ќе ја отворат писателите Веле Смилевски и Ефтим Клетников.

Владимир Темков е роден 1959 година во Кавадарци. Завршил Педагошка академија и Факултет за ликовни уметности во Скопје. Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија од 2001 година.

Автор е на над 60 самостојни изложби во земјава и во странство (Франција, САД, Хрватска, Бугарија…) и учесник е на бројни групни постановки и колонии. За своето творештво добитник е на повеќе награди и признанија.

На изложбата ќе се претстави со 44 дела.

Во мултимедијалниот културен центар „Матица македонска“ изминативе месеци со свои дела се претставија академските сликари Васко Ташковски, Газанфер Бајрам, Глигор Чемерски, Коле Манев, Владо Георгиевски, Стефан Хаџи Николов,Симон Шемов, Павле Кузмановски, Новица Трајковски, Ниче Василев, Драги Хаџи Николов-Аџи, Димитар Малиданов и скулпторот Илија Аџиевски.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“