Изложба на скулптури во Уметничката галерија Куманово

Од:

Самостојна изложба на академскиот уметник Филип Фидановски, насловена „Пикасо можеби јас“, ќе биде отворена вечер во 20 часот во Уметничката галерија при НУ Музеј-Куманово, информираа денеска од галеријата.

На изложбата ќе бидат претставеи десет скулптури (портрети) изработени во керамика, инспирирани од делата на големиот шпански уметник Пабло Пикасо, како и легенди на делата на кои ќе бидат претставени репродукции од оригиналните дела на Пикасо, од кој се инспирира уметникот.

-Изложбата е дел од серија на изложби кои се во организација на Амбасадата на Кралството Шпанија, по повод 140 години од раѓањето и 50 години од смртта на Пабло Пикасо и е дел од вонпрограмските активности на НУ Музеј, информира Драгана Спасковска од НУ Музеј Куманово.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“