Изложба на постери од историјата на Скопскиот џез-фестивал

Од:

Во кафе-барот „Концепт 37“ во Скопје вечер ќе биде отворена изложба на плакати од долгата историја на Скопскиот џез-фестивал.

– Присутните ќе имаат можност преку промотивниот материјал на фестивалот да се запознаат со програмата и учесниците на претстојното издание, како и да ги погледаат на едно место најуспешните дизајни на фестивалските плакати, соопшти Скопски џез-фестивал.

Настанот ќе биде збогатен со настап на квартетот на Тони Китановски со џез-пејачката и пијанистка Анета Качуркова.

Изложбата ќе биде отворена за посетители до 19 октомври, кога ќе заврши годинашниот 33. Скопски џез-фестивал.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“