Изложба на Илија Кавкалески во Софија

Од:

Изложбата на акварели од сликарот Илија Кавкалески вечер ќе биде отворена во Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија. Изложбата се реализира во соработка со Националната галерија на Македонија и со Министерство за култура.

– Делата на Илија Кавкалески се негова визуелна рецепција претворена во бои и форми кои промовирааат пораки за среќа, љубов, слобода и спокој. Сликарство едноставно искрено и чисто, информира Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија.

Изложбата во Софија ќе ја отворат Маја Неделкоска-Брзанова и Љупчо Маленков од Националната галерија на Македонија и Васко Шутаров, директор на  Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“