Изложба на фотографии од Стефан Лупино

Од:

Во Галеријата 8 – Безистен во Старата скопска чаршија вечер ќе се отвори  изложба на 30-тина фотографии од Стефан Лупино од Хрватска, еден од најпознатите естрадни и модни фотографи од поранешните југословенски простори кој е познат и на светско ниво.

Во седумдесетите и осумдесетите години на минатиот век, Лупино престојува во Њујорк, каде е препознат од големите издавачки куќи и станува фотограф на познати списанија.

Негови фотографии се објавени на насловните страни на  “Detalis”, “Vogue”, “Photo”, “Zoom”,”Europeo”, “L’Espresso” и многу други светски списанија. Тој и денеска е актуелен фотограф на “Playboy”.

Покрај со фотографија, Лупино се занимава и со скулптура и сликарство.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“