Изложба на фотографии од Интеранционалниот фото салон

Од:

Во Уметничката галерија во Куманово утре ќе биде отворена изложбата на фотографии од Интернационалниот фото салон.

На натпреварот учествуваа над 300 автори од 56 држави кои се натпреваруваа во четири категории.

Учесниците се натпреваруваа во темите – Слободна црно бела, Слободна во боја, Природа и Живот. Категоријата Живот е посветена на македонскиот доајен на новинарска фотографија Живко Јаневски каде за прв пат оваа година ќе бидат доделени медали за најдобри новинарски фотографи.

Од вкупниот број автори, награди добија четири македонски автори и тоа Романа Милетиќ, Владимир Арсовски, Игор Јанковски и Коста Дупчинов.

Наградите ќе ги додели Цветан Гавровски, претставник на најстарата светска фотографска организација ФИАП.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“