Изложба на дела на Алтаков и Димитрова од Бугарија во Кавадарци

Од:

Изложба на дела од ликовните уметници Лаура Димитрова и Стефан Алтаков од Бугарија беше отворена синоќа во Музеј галеријата во Кавадарци.

Настанот е во рамките на 23. ликовна колонија „Кавадарци-Михајлово 2017”, која ја организира Домот на културата „Иван Мазов Климе”, со поддршка на локалната самоуправа.

Обраќајќи се пред присутните, директорот на кавадаречкиот музеј Петре Камчевски појасни дека станува збор за професори од катедрата за визуелна уметност на Факултетот за ликовна уметност, при Универзитетот „Свети Климент Охридски” од Софија.

Директорот на културниот дом Владимир Темков нагласи дека Кавадарци е домаќин на една од најдобрите ликовни колонии во Македонија, а можеби и во Европа.

Кустос историчарот на уметност при музејот Трајче Цветков кој се осврна на делата на двајцата автори, меѓу другото, за Димитрова соопшти дека е добитник на неколку меѓународни награди од областа на ликовната уметност, а за Алтаков дека е раководител на катедрата за визуелна уметност при факултетот.

Алтаков изрази задоволство што учествуваат на оваа, како што рече, уникатна колонија, а Димитрова, пак, се заблагодари за организацијата на изложбата и прекрасното место во кое се изложени нивните дела.

Би можело да ве интересира

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во ресторан во Кавадарци

Горан Наумовски

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната