Изложба на археолошки пронајдоци од 2014 година

Од:

Во Археолошкиот музеј на Македонија вечер ќе биде отворена „Археолошка изложба 2014“, каде ќе бидат претставени најзначајните и најкреативните археолошки пронајдоци ископани во текот на годината.

Изложбата ја организира Управата за заштита на културното наследство, а влучува повеќе од 1.000 артефакти од 11 археолошки локалитети, меѓу кои се богатата колекција од 405 монети на македонските кралеви од археолошката музејска збирка на Фиозофскиот факултет во Скопје. Ќе бидат поставени и двата штита од третиот век п.н.е. пронајдени на локалитетот Старо Бонче во близина на Прилеп, и репрезентативни монети и предмети од локалитетот Градиште, кај село Младо Нагоричане, кој прв пат с еископуваше годинава.

Поставката ги вклучува локалитетите Старо Бонче со гробницата од македонскиот тип од третиот век п.н.е., акрополата на Висока на врвот на Селечка планина, античката Билазора кај Свети Николе и Градиште – Младо Нагоричане. Ова група локалитети датира од раноантичкиот период, а кај некои од нив може да се сретнат и фази на живот од дуги порани и подоцнежни периоди.

Од римскиот период и од средниот век се застапени наоѓалиштата: Скупи кај село Злокуќани, Стибера – прилепско, Хераклеја Линкестидска, кај Битола, Стоби кај Градско, Баргала кај Штип, Цареви Кулу над Струмица, и прв пат Маркови кули на Водно.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“