Изложба на академскиот скулптор Александар Ефтимовски во Хонг Конг

Од:

Од 5 до 20 декември во Хонг Конг се одржува изложба на скулптури на академскиот скулптор Алексадар Ефтимовски, насловена како „Continuity” со која што завршува неговиот петмесечен академски престој во Хонг Конг. Ефтимовски, за време на неговиот престој при факултетот за визуелни уметности на универзитетот Лингнан, предаваше различни техники на изработка на скулптура. Како дел од резиденционалната програма на Универзитетот, покрај предавањата, Ефтимовски работеше и на свои скулптури – апстрактно геометриски, кои ги изложи на изложбата. Името на изложбата во Хонг Конг со наслов “Continuity” го претставува континуираниот пат на творење на авторот. На изложбата покрај делата на Ефтимовски беа изложени и скулптури, создадени од неговите студенти во периодот на неговиот престој.
.
Александар Ефтимовски е автор кој своето ликовно знаење го стекна на академиите за уметност во Фиренца и Карара, Италија. Неговото творештво во голем формат е поставено во повеќе од 15 градови низ светот. Дел од неговите дела се откупени во колекциите на NAMOC (Национален Музеј на уметност на Кина), International Art Exhibition Xi’аn, како и поголем број на приватни колекции во Германија.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски